Дали сте слушнале за „летен машки полов орган“? Ова е промена која многу мажи ја пријавуваат за време на високи температури.
Некои мажи тврдат дека топлината има корисен ефект врз нивните гениталии бидејќи тие се прошируваат и по должина и по обем. Минатото лето оваа појава дури доби и свое име – „летен пе**с“ . Летните машки гениталии се привремена флуктуација во големината на органите што ви овозможува да ја зголемите големината на неколку месеци поради жештините, напишала тогаш Трејси Мур, репортер на списанието „Мел“.
„Во лето пенисот ми е поголем кога ќе се погледнам во огледало. На потопли температури малку ми отекуваат прстите и рацете, што докажува и фактот дека е тешко да ја извадите бурмата во потоплите месеци Логично е да се претпостави дека истото се случува и со мојот генитален орган “, изјави Ричард (30) за HuffPost.
Брајан Ајерс, експерт за интимни врски и автор на книгата „Како да се стане подобар љубовник за три дена или помалку“, призна дека и самиот е „жртва“ на летните машки гениталии. Тој го припишува ова на сезонските промени во животниот стил.
„Во лето повеќе сте надвор. Пешачењето, пливањето или долгото трчање во лето ја зголемуваат циркулацијата. Ако во зима седите пред компјутер осум часа, без сончева светлина и со помалку овошје или зеленчук, секој маж ќе забележи дека половиот орган е помал“, објасни тој.
Дали е ова само мит или има вистина во тоа?
Арон Шпиц, уролог и автор на Книгата The Pe**s Book: A Doctor’s Complete Guide to the Pe**s, првично се исмеваша со таквите размислувања.
„Мојата прва реакција беше: „Ох, леле, повторно сме опседнати со големината“, изјави тој за HuffPost , а потоа призна дека можеби има вистина во овој феномен.
„Ми има смисла поради основниот механизам за тоа како машкиот пенис може да се шири и собира, објасни тој.
Според него, топлината го зголемува опуштањето на овие крвни садови, што го зголемува протокот на крв низ нив, а за возврат го полни пенисот и му дава подолг, пополн изглед (повеќе топлина = подобар проток на крв). Па, колку и да е интересна темата, нема дефинитивен научен доказ за летните машки гениталии, вели урологот Пол Турек.
Иако можеби има одредена вистина во фактот дека пенисот изгледа поголем на топлина, нема доволно истражување на оваа тема за лекарите да кажат дали тоа е целосно точно. Она што е точно е дека има помалку потење на пониски температури. Ова може да доведе до збрчкана кожа наместо отечена, поголема покриеност на пенисот поради затегнатиот скротум и намален изглед, рече урологот.