ФЗО: Нема евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека внимателно ги следи прашањата поврзани со квалитетот и безбедноста на здравствените услуги, откако во јавноста се појавија тврдења за наводни непотребни интервенции.

Од институцијата нагласуваат дека во последните четири години не се евидентирани вакви претставки, а по сопствен наод биле спроведени девет контроли за приватно наплатени средства.

ФЗО потсетува дека нема законска надлежност да ја оценува медицинската оправданост на интервенциите, што е во доменот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

„Ќе продолжиме со редовни контроли и со заштита на правата на осигурениците,“ порачуваат од Фондот.