Според пратеникот Венко Филипче, има нејасни сегменти во поделбата на министерствата.
Пратеникот Филипче по изгласувањето на законот во Собранието истакна дека има нејасни сегменти за поделбата на министерствата.
„Главното прашање е зошто овој систематски закон се одобрува по забрзана постапка. Недостига анализата на министерствата, многу важен сегмент од кој ќе зависи како ќе функционира владата во иднина“, рече Филипче.
Според него, Министерството за економија слабее и овие закони не треба да се носат по забрзана постапка.