Филипче: Работиме да го вратиме СДСМ како победничка партија, граѓаните не се задоволни од актуелната власт

Граѓаните ќе кажат дали Венко Филипче ќе го направи СДСМ победничка партија, а јас ќе дадам сè од себе партијата да се консолидира по патот што веќе го тргнавме. Ако тој пат е целосно изгазен, не е апсолутно безбеден. Имаме уште простор за работа и ќе продолжиме да работиме и во наредните години, не само сега во пресрет на локалните избори.

Ова го изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Тој нагласи дека „Никогаш не сме се бореле за пратенички места, само за да бидеме на власт како што сме сега. Напротив, сакаме да ја добиеме довербата на граѓаните да ги решаваме проблемите во нивен интерес“.

Филипче вели дека тој и СДСМ имаат обврска да работат многу интензивно со оглед на состојбата во која се наоѓа државата и начинот на кој владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата.

Неконтролираното поскапување, падот на животниот стандард на граѓаните, стагнирачките плати, па дури и неплаќањето на ДДВ од страна на компаниите се само дел од критиките кои Филипче ги упати кон начинот на кој владата ја води државата.

„За жал, би рекол дека земјата е во многу тешка криза, како никогаш досега, економска, но и длабока социјална. Гледаме дека Владата се соочува со проблемите што ги чувствуваат граѓаните во однос на стандардот, платите, кои воопшто не се менуваат. Во некои институции дури и не се платени.

Покрај лошите економски политики, лидерот на СДСМ истакна дека власта врши и целосна партизација на институциите.