Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) во македонското Собрание, пратеникот Венко Филипче се сретна со вршителот на работите во Амбасадата на Република Полска, Мариуш Бримора.
Францускиот режисер Кристоф Руџа осуден на 4 години затвор за сексуално злоставување на актерка кога таа била малолетна
Како што информира собраниската прес-служба, полското претседателство со Советот на Европската Унија, во првото пологодие од оваа година, било во фокусот на разговорите, при што, како еден од приоритетите, било посочено и проширувањето на Унијата и интеграцијата на земјите од Западен Балкан.
Соговорниците размениле искуства за процесите на евроинтеграција и за предизвиците за двете земји на тој пат, со оглед на влезот на Полска во ЕУ пред две децении, односно во истиот период кога нашата земја го доби кандидатскиот статус.
Во тој контекст, Филипче посочил дека долгото чекање за преминување во наредните фази од интеграцискиот процес за Македонија, како и пречките на тој пат, резултираат со разочараност кај граѓаните и на пад на поддршката во однос на членството во ЕУ. Затоа, како што рекол, задача на политичките фактори е да бараат начини за надминување на препреките во насока на остварување на стратешките цели на државата.
На средбата биле разменети и мислења за придобивките за граѓаните од членството во ЕУ, како и за потребата од постојана промоција на тие вредности.