Утрово германската полиција го уапси Филип Турет (22) од Италија кој е осомничен дека ја убил својата вереница Џулија, со која исчезна пред неколку дена.
Полицијата го пронашла во неговиот автомобил на околу 150 километри од Лајпциг, а се верува дека „крстарел“ со германските градови во обид да се скрие од полицијата. Според извори од истрагата, кога го запрела сообраќајната патрола, осомничениот млад човек делувал уморно и очајно, а наводно останал без пари и гориво.
Тој го запрел возилото на лентата за застанување на автопатот и ги исклучил светлата, а до него застанала и сообраќајната патрола бидејќи според законите на Германија задолжително во тие случаи да се запалат фаровите. Кога се приближиле до возилото, го препознале лицето на Филип од потерницата, како и регистарските таблички на возилото што го барал Интерпол.
Филип не дал отпор при апсењето.
Ја убил Џулија, а потоа го фрлил од карпата
Џулија, која претходно беше свршена со Филип исчезна на 11 ноември, а се знаеше дека отишла да го види. Џулија и Филип раскинаа во август, но останале во добри односи. На кобниот 11 ноември Џулија излегла од куќата околу 18 часот и влегла во неговото црно Fiat Punto.
Последен пат биле видени како седат во ресторан за брза храна во трговски центар во Маргера околу 20 часот, по што им се губи секаква трага.
Безбедносните камери го снимија возилото на Филип во Австрија во неделата на 12 ноември. Се верува дека тој претходно ја убил Џулија недалеку од границата прободувајќи ја неколку пати . Потоа го фрлил нејзиното тело од карпа недалеку од Пјанкавал, познат ски-центар.
Се претпоставува дека на убиството му претходела расправија . Биле видени како се расправаат во автомобилот, по што Филип наводно и’ удрил шлаканица на Џулија. Таа потоа бесна излетала од возилото, а тој трчал по неа. Во следниот момент ја фелил на хауба и брутално ја претепал, а најверојатно и’ ја прободел со нож.
Џулија потоа паднала на тротоарот облеана во крв. Ил Месаџеро наведува дека Филип потоа ја влечел за нозе и ја турнал Џулија во багажникот .
Потоа го возел автомобилот околу 100 километри до вештачко езеро, каде што го фрлил нејзиното тело од карпа . Тие ја пронашле Џулијана минатата недела по неколкудневна потрага.