‘ФИЛМСКА ИЗМАМА’ – Купиле легендарен часовник за повеќе од три милиони евра, а потоа доживеале целосен шок: “Па, дали ова е возможно…“

Познатиот швајцарски производител на часовници Omega соопшти дека е жртва на „организиран криминал“, објави CNN.

Omega тврди дека тројца нејзини поранешни вработени признале дека со помош на посредник се обиделе да продадат лажен рачен часовник „Omega Speedmaster“ за 3,115 милиони швајцарски франци (3,185 милиони евра).

Самата компанија го купила споменатиот лажен часовник на аукција во Женева одржана во ноември 2021 година, по цена што била 25 пати повисока од проценката на организаторот на аукцијата. Omega соопштила тогаш за CNN дека планира да го изложи часовникот во својот музеј во Швајцарија.

Се сметало дека часовникот е пример од 1957 година, а аукциската куќа Phillips тврдеше дека станува збор за часовник од нерѓосувачки челик. Phillips тврди дека е еден од првите и најценетите модели од линијата „Speedmaster“.

Подоцна, сепак, се покажа дека часовникот, кој е купен со помош на посредник, всушност е „чудовиште на Франкенштајн“ – неавтентична копија составена од главно автентични делови на Omega

Тој часовник сега е клучен доказ во истрагата за таа сомнителна трансакција. Неговото фалсификувано наследство им овозможи на профитерите да ја зголемат неговата цена“, вели Џовани Алегре, висок менаџер за комуникации во Omega.

Од Omega соопштија дека одговорноста за измамата ја презеле тројца поранешни вработени во компанијата и дека ќе бидат тужени. Phillips Auctions соопшти дека ќе им даде на истражителите и на полицијата информации за продавачот доколку тоа биде побарано.

Omega Speedmaster“ е познат по тоа што е првиот часовник што се носел на Месечината во 1969 година. Го носел астронаутот Баз Олдрин, но и актерите Рајан Рејнолдс и Џорџ Клуни и професионалниот играч на голф Рори Мекилрој се видени со часовници „Speedmaster“ на нивните зглобови.

аукцијаизмамачасовникШвајцарија