Во Улцињ избила масовна тепачка пред кафеана во Стариот град, во која неколку лица се повредени.
Пред кафеана кај Стариот град во Улцињ во неделата вечерта се случила масовна тепачка во која две лица се повредени, додека едно е тешко повредено.
На видео кое кружи на социјалните мрежи може да се види дека пред кафеана во Пристан настанал хаос во еден момент каде неколку неидентификувани лица на улица брутално претепале маж кој претходно бил соборен со тупаници.
Според неофицијални информации, во тепачката учествувале и членови на обезбедувањето на кафеана.
Шефот на обвинителството во Улцињ, Денис Зврко изјави дека и наредил на улцинската полиција да ги идентификува учесниците во тепачката.
„Таа постапка е во тек, како и прибирање информации од граѓани, а извршен е и увид на местото на настанот заради пронаоѓање траги и потребни докази. Прибавени се снимките и видео надзорот од околните згради. Врз основа на сознанијата две лица се повредени, од кои едното е згрижено во болница, а другото по прегледот е отпуштено дома.