ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ – Среде бел ден ограбена позната златарница во центарот на Париз: Тројца маскирани луѓе украле накит вреден 15 милиони евра

Златарницата Piaget на улицата „Мир“ во центарот на Париз е ограбена во вторникот попладне, а за нападот се осомничени три лица, кои побегнале со накит вреден 10 до 15 милиони евра, соопшти полициски извор и канцеларијата на париското јавно обвинителство за тамошните медиуми.

Улицата на мирот и плоштадот Вендом, во центарот на француската престолнина, се познати во светот по продавниците за луксузен накит и брендови на часовници.

За време на грабежот нема повредени, објавија француските медиуми, а истрагата е во тек, соопштија од обвинителството.

Според првичните резултати од истрагата, во грабежот учествувале три лица, меѓу кои најмалку едно имало оружје.

Последниот вооружен грабеж на луксузен накит во Париз се случи на 29. април годинава. Тој ден три лица, кои се возеле со мотор, упаднале во златарницата Bulgari на плоштадот Вендом. Двајцата напаѓачи биле вооружени со долги огнени оружја, а притоа бил погоден и чуварот на златарницата – штетата се проценува на неколку милиони евра.

грабежПаризФранција