Во финалето на Австралија опен ќе се сретнат Јаник Синер и Александар Зверев, првиот и вториот тенис во светот. Вториот светски рекет Зверев рано утрово се пласираше во финалето откако Новак Ѓоковиќ му го предаде мечот по еден сет, а вториот финалист го добивме по дуелот помеѓу Синер и Бен Шелтон.
Најдобриот светски тенисер по два и пол часа игра го совлада Американецот (АТП 20.) со резултат 3:0 во сетови.
Во првиот сет и двајцата тенисери направија по два брејка, а одлуката беше решена во тај-брејк, кој Италијанецот го доби со резултат 7:6(2).
На стартот од вториот сет Синер направи два брејка, а ја сочува стекнатата предност и поведе со 2:0 во сетовите со резултат 6:2.
Во третиот сет и Синер направи два брејка и ја заврши работата и се пласираше во финалето со резултат 7:6(2), 6:2, 6:2.
Финалниот меч меѓу двајцата најдобри тенисери во светот ќе се одигра в недела наутро по средноевропско време.