Управата за финансиска полиција во моментов врши проверки во Македонски навигации, потврдуваат од М-НАВ за МИА.
Контролата и увидот во работењето на М-НАВ, како што информираат, ги прават врз основа на направениот извештај.
Во врска со упадот во М-НАВ се осомничени осум лица меѓу кои и Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ.
На денешната седница Владата, како што е најавено, ќе носи одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои и разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење, откако минатата недела осумте лица упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје.