Повеќе од 1.400 професионални музичари од Финска потпишаа петиција за забрана на Израел да учествува на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија.
Поради, како што велат, „воените злосторства во Газа”, музичарите бараат Израел да биде исфрлен од натпреварот што се одржува во мај во Шведска.
Доколку на Израел не му биде забрането учество, Финците бараат од нивната државна телевизија „Yle“ да ја повлече песната што би ја претставувала Финска на Евровизија, пренесува „BBC“.
Исландските музичари, пред финските, поднеле слично барање до тамошниот национален тим „Рув“.
Шаул Гринглик (26 ), кој беше на аудиција за израелската Евровизија, почина минатиот месец во Појасот Газа. Неговиот настап беше на 3 декември, додека беше на одмор по мобилизацијата, по што се врати во војната.