Беше направен договор.
Финска и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за соработка во одбраната , соопшти финското Министерство за надворешни работи.
Преговорите завршија во позитивен дух – изјави главниот фински преговарач од Министерството за надворешни работи, Микаел Антел . Договорот треба да биде усвоен од финскиот парламент, по што ќе биде објавена неговата содржина, пренесува финскиот јавен сервис YLE.
Медиумите претходно објавија дека договорот ќе овозможи операција на американските војници во Финска , како и дека ќе им биде дозволено да користат неколку воени бази во земјата, аеродроми и пристаништа. Разговорите меѓу двете страни траеја повеќе од една година.
Соединетите Американски Држави имаат такви договори со повеќе од 20 земји, а финските власти се надеваат дека блиската соработка со Вашингтон ќе ја зајакне безбедноста на Финска и дека договорот ќе биде потпишан пред крајот на годината. Во април оваа година Финска стана 31. полноправна членка на НАТО.