“ФИНСКА ЈА ПРЕМИНА ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА НА РУСИЈА!“ – Големи тензии на границата помеѓу овие две земји: “Сега знаеме дека Кремљ е подготвен да употреби воена сила…“

Сино-белото знаме на Финска на 4. април официјално беше подигнато пред седиштето на НАТО Алијансата, а во оваа прилика Јуха Мартелиус, заменик генералениот директор за одбранбена политика во Министерството за одбрана на оваа земја, кажа дека Финска знаела дека влегувањето во НАТО било црвена линија за Русија и дека сега чекаат каква било реакција од неа.

Финска отсекогаш била, како што пишува dw.com, мета на заканите на Москва, а сега оваа земја се подготвува за повеќе вакви ситуации. Финска ја зајакнува граничната одбрана на истокот од земјата, а како што пишува германскиот весник, никој не верува дека новата ограда долга 200 километри може да го спречи воениот упад од Русија.

Секоја членка на Европската унија и НАТО што се граничи со Русија или Белорусија во последните години се соочи со голем број луѓе од овие земји кои бараат азил. Поради оваа причина, Финска одлучи да подигне физичка бариера на истокот на земјата која ќе биде висока три метри.

Видовме што прави Русија во Украина, така што се е можно. После тоа, луѓето сфатија дека ова е нулта година за нашиот нов однос со Русија. Без разлика како ќе се одвиваат работите во Украина, нашиот однос со Русија ќе биде сосема поинаков“, изјавил Јуха Мартелиус.

Во градот Иматра, каде што почна изградбата на оградата, никој не е ентузијаст за проектот, како што кажа градоначалникот Матиас Хилден. „Срамота е што ни треба тоа“, вели тој и додава: „Пред една деценија, никој не се двоумеше да зборува руски во продавници или јавните места“. Улиците во градот, на само седум километри од границата, тогаш биле полни со автомобили со руски регистарски таблички.

Во тоа време, Русите го купуваа речиси секој друг недвижен имот во областа“, продолжува тој и додава: „а дневните патници обезбедуваа сигурен приход за продавниците. Некои продавници мораа да се затворат кога вирусот Ковид-19 го оневозможи патувањето, но забраната за руски туристи поради санкциите поради војната во Украина затвори многу други“.

Градоначалникот е убедена дека секој што зборува руски во градот сигурно ќе привлече сомнителни погледи. „Никој не верува дека пријателските односи ќе бидат обновени во догледна иднина. Добро е да се подготвиме за закани кои веројатно ќе се појават во иднина“, нагласува тој.

Вилијам Денисук, кој долго време живее во Иматра вели дека некои негови познаници имаат претчувство кои не исклучуваат воена инвазија. „Луѓето се очигледно нервозни“, вели тој, мислејќи на пријателите кои правеле планови и гледале кон иднината без грижа.

Вилијам Денисук укажува на украинскиот Донбас, регион во голема мера окупиран од Русија и чие големо население од жителите кои зборуваат руски јазик го користеше Кремљ како изговор за инвазија и почеток на војната. Иако ваквото сценарио изгледа невозможно во Финска, Јуха Мартелиус од Министерството за одбрана изразува слична загриженост. 

Пред војната во Украина, знаевме дека Русија е подготвена да употреби воена сила во некои екстремни случаи. Сега знаеме дека Русија е подготвена да употреби воена сила во случаи кои не изгледаат екстремни“, тврди тој.

Финскиот граничен чувар Мика Ритконен смета дека Русија е непредвидлива. Во шумите што се расчистуваат за да се отвори простор за граничната ограда, полковникот Мика Риткоен, командант на финската гранична стража, истакнува дека нема знаци дека Русија планира голем напад врз Финска „во многу блиска иднина“. Но, тој исто така вели: „Дали некој знае што ќе прави Русија во иднина ? Барем јас не знам. Мораме да бидеме подготвени“.

војнаНАТОРусијаУкраинаФинска