Андерс Виклоф, еден од најбогатите луѓе во Финска, е казнет со огромна парична казна која била пресметана врз основа на неговиот приход.
Финскиот бизнисмен Андерс Виклоф е казнет со 121.000 евра, откако бил фатен како вози со 82 километри на час во зона каде што ограничувањето на брзината е 50 километри на час на островите Аланд.
Локалниот весник „Нја Аланд“ во понеделникот објави дека Виклоф, еден од најбогатите луѓе во Финска, е казнет со огромна парична казна врз основа на неговиот приход.
Покрај паричната казна, десет дена му е одземена и возачката дозвола.
Виклоф беше казнет и со 63.680 евра во 2018 година и 95.000 евра во 2013 година.