Кога сте во процес на слабеење, внесот на протеини игра голема улога. Сепак, не е доволно само да јадете оброци богати со протеини, многу е важно и како ги подготвувате и од што се состојат овие оброци.
Покрај тоа што ви помага да изградите мускули, протеините ве одржуваат подолго време посити. Сепак, некој извор на протеини ќе ви помогне побрзо да ги согорувате мастите.
Фитнес тренерот Томас Вајтхед ги откри најдобрите извори на протеини, а наведе кои намирници треба да ги избегнуваме доколку сме во процес на слабеење.
Тој истакнува дека пилешките гради, посниот говедски стек и белките од јајца се најдобри извори на протеини за губење на маснотии и градење мускули. Тој објасни дека овие намирници се нискокалорични и исклучително богати со висококвалитетни протеини.
„Чисти протеини, нискокалорични и многу заситени. Не само што помагаат во обновувањето и растот на мускулите, туку и да се чувствувате сити, што може да спречи прејадување и да ви помогне да останете во калориски дефицит“, изјави тој.
Втората најдобра опција е изолат од протеин од сурутка. Тој истакнува дека изолатот на протеинот од сурутка содржи помалку масти и јаглехидрати во споредба со другите протеински прашоци. Покрај тоа, многу лесно се консумира бидејќи брзо се подготвува после тренинг.
„Одлично за биорасположивост, преполно со амино киселини и лесно сварливо“, објасни тој.
Кога станува збор за лошите извори на протеини, Вајтхед вели дека треба да избегнувате високомасни месо, како пилешките батаци, бидејќи тие содржат повеќе калории. Квалитетот на месото не е лош, но може да го отежни процесот на слабеење.
Втората најлоша опција е протеинот од засладените јаткасти плодови. Имено, многу луѓе мислат дека дури и засладените јаткасти плодови се здрави. Овие намирници се калорични бидејќи се богати со здрави масти, па додавањето шеќер или друг засладувач само ќе додаде повеќе калории.
Најлошата опција кога се во прашање протеините е преработеното месо како колбаси, виршли и други месни деликатеси. Преработеното месо обично е богато со нездрави масти и додадени конзерванси, кои можат да придонесат за зголемување на телесната тежина и да ги попречат напорите за слабеење. Тие се полни со калории и нудат минимална хранлива вредност, што ги прави лош избор за сите кои се обидуваат да ослабат.