Светската фудбалска федерација (ФИФА) го откри логото за Мундијалот во 2026 година. Амблемот e комбинација на трофејот на Светското првенство и годината на турнирот.
Промоцијата се одржа ноќеска во Лос Анџелес на кој учествуваа фудбалски легенди и специјални гости од Канада, Мексико и САД. Главните ликови беа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и двократниот победник на Светскиот куп, Бразилецот Роналдо.
Во текот на денот ќе бидат претставени 16 поединечни логоа на градовите домаќини.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. За прв пат во финалната фаза ќе учествуваат 48 репрезентации.
Навивачите се многу разочарани од дизајнот и многу од нив на социјалните мрежи тврдат дека ова е најлошото лого на Мундијалот во историјата. „Изгледа како нешто направено во Paint за неколку минути“, е еден од најлајкуваните коментари под објавата на ФИФА.