ФИФА и Обединетите Нации во заеднича борба против криминалот во фудбалот

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (УНОДЦ) го ажурираа Меморандумот за исфрлување на криминалот од фудбалот.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и извршната директорка на УНОДЦ, Гада Вали ставија потпис на документот кој се надоврзува на Меморандумот кој двете страни го потпишаа во 2020 година во Виена.

Меморандумот за разбирање ги обврзува двете страни да ги засилат своите напори во заштита на интегритетот на фудбалот со цел фудбалско опкружување да биде заштитена зона за децата, младите и ранливите категории спортисти. Исто така, ФИФА и УНОДЦ се обврзуваат да продолжат да ги развиваат капацитетите и да ја јакнат свеста за борбата против корупцијата и криминалот во и преку фудбалот.

Фудбалот ги обединува луѓето од сите делови на светот, млади и стари, момчиња и девојчиња. Може да промовира здрав начин на живот, да понуди нови можности и да инспирира милиони луѓе да ги остварат своите на теренот и надвор од него“, изјави Гада Вали.

ФИФА веќе заврши многу добра работа со УНОДЦ со цел фудбалот да го направи почист и ќе продолжиме да работиме на девојчињата и на момчињата да им овозможиме шанса да ги остварат своите цели на теренот“, додаде од своја страна Џани Инфантино

Обединети НацииФИФАфудбал