ФИФА ПОТВРДИ – Челниците размислуваат за голема промена во светот на фудбалот: Синиот картон станува реалност !?

Информациите дека фудбалските судии во блиска иднина ќе покажуваат сини картони предизвика бура од реакции, а сега се огласи и од ФИФА.

Светската фудбалска федерација почувствува потреба да ја разјасни ситуацијата.

Според најавите на весникот The Telegraph, новото правило треба да се применува на натпреварите од ФА Купот веќе следната сезона.

Синиот картон треба да биде казна и исклучување од игра на 10 минути и би се покажал доколку прекршокот што го направил не е доволен за црвен картон, туку е „посилен“ од жолт.

Од ФИФА признаа дека сериозно размислуваат наскоро да воведат син картон, но сепак потенцираат дека тоа не треба да се очекува толку брзо.

ФИФА сака да го разјасни прашањето за таканаречениот син картон. Не е точно дека планираме да го воведеме во највисокото фудбалско ниво и сите извештаи за тоа се предвремени. Секое тестирање, доколку се воведе, ќе биде ограничено на тестирање на пониски нивоа. Оваа тема повторно ќе ја отвориме на 2. март“, се наведува во соопштението на ФИФА.

ФИФАфудбал