Флорентино Перез најде наследник на Карло Анчелоти. Според тврдењата на германскиот весник Bild, откако на Италијанецот следното лето му истекува договорот со Реал Мадрид – а потоа наводно го чека бразилската клупа – „Кралскиот клуб“ ќе го преземе 41-годишниот Чаби Алонсо.
Шпанецот летово беше во игра и за клупата на ПСЖ, но повикот од Реал Мадрид очигледно го натера да реши да го одработи договорот со Барен Леверкузен до крајот, односно до летото 2024 година.
Чаби Алонсо заврши одлична работа во својата прва сезона со Барен Леверкузен. Тој го презеде тимот по осмото коло во Бундеслигата во време кога го држеше второ-последното место во првенствениот поредок, а потоа сезоната ја заврши на шестото место, а во исто време го водеше тимот и во финалето на Лигата на Европа.
Пролетта шпанските медиуми пишуваа дека Чаби Алонсо е голема желба на Флорентино Перез, која тогаш не сакаше да ја коментира оваа шпекулација, туку ја пофали работата која Чаби Анчелоти ја прави.