Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, ќе има ли прием во ЕУ со квалификувано мнозинство?

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе пристигне во Скопје следната среда.

Агендата уште не се соопштува, но познато е дека шефицата на ЕК ќе се сретне со целиот државниот врв.

Посетата доаѓа во време кога македонската влада најави дека по завршувањето на изборите и стартот на новата година ќе се интезивира дијалогот со официјална Софија.

На Фон Дер Лајен денес и претходеше министерката за Европа на Австрија која е во официјална посета на Македонија и најави дека Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија иницираат до Европската комисија промена на процесот на одлучувањето за пристапувањето на земјите кандидатки и тоа со употреба на квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, а едногласност за почетокот и крајот на преговорите.

Квалификуваното мнозинство за технички прашања во преговорите ќе спречи натамошни билатерални блокади.

И словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања кој е во посета на Скопје, порача дека процесот на проширување мора да се забрза.