Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави високиот одѕив на општите и претседателските избори во Турција.
„Мислам дека масовниот одѕив на овие избори е навистина добра вест“, изјави Фон дер Лајен на прес-конференција, јави ТРТ БАЛКАН.
Претседателката на ЕК ги пофали турските граѓани што излегоа да гласаат, покажувајќи дека „ги ценат демократските институции“.
Таа ја опиша високата стапка на учество како „голема, голема победа“, бидејќи тоа е „многу јасен знак дека турскиот народ е посветен на остварување на своите демократски права“.
ЕУ „многу внимателно го следи“ објавувањето на официјалните резултати од неделното гласањето и претстојниот втор круг од претседателските избори, додаде таа.
Милиони гласачи излегоа на изборите во неделата за да го одберат следниот претседател на земјата и членовите на парламентот со 600 места.
На претседателските ливчиња, гласачите избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган кој ја претставува коалицијата Народна алијанса, Кемал Киличдароглу од главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) кој е заеднички кандидат на шестпартиската опозициска коалиција Национална алијанса и Синан Оган од коалицијата АТА.
Од 09:45 часот по локално време Ердоган имаше 49,4 отсто од гласовите, а Киличдароглу е веднаш зад него со 44,96 отсто, објави Ахмет Јенер шефот на Врховниот избирачки одбор на Турција.
Процесот на броење на гласовите сè уште не е завршен.