– Крипто милијардерите изгубиле имот во вкупна вредност од 110 милијарди долари за една година, објави магазинот Форбс.
Во 2022 година, на листата на Форбс на милијардери имаше 19 луѓе кои своето богатство го заработија во бизнисот со криптовалути, чиј имот тогаш беше проценет на 140 милијарди долари. Оваа година, 10 од 19-те луѓе од минатогодишната листа повеќе не се милијардери, а богатството на останатите девет е 30 милијарди долари.
Според листата на Форбс, најбогатиот крипто-милијардер се уште е основачот и шефот на најголемата крипто берза Binance, Чангпенг Жао, чие богатство се проценува на 10,5 милијарди долари. Минатата година неговиот имот беше проценет на 65 милијарди долари.
Втор на листата, ко-основачот на крипто мрежата Ripple, Џед Мекејлеб, има богатство од 2,4 милијарди долари, што е мало намалување во споредба со минатогодишните 2,5 милијарди долари.
Веднаш по него следи шефот и ко-основачот на крипто берзата Coinbase, Брајан Армстронг, со 2,2 милијарди долари, кој минатата година имаше 6,6 милијарди долари.
Изминатата година беше тешка за крипто милијардерите поради падот на берзата FTX и многу правни спорови.