Форбс го објави годишното рангирање на најплатените тенисери/ки земајќи ја предвид заработката од септември 2022 до август 2023 година.
Новак Ѓоковиќ за прв пат се најде на врвот на оваа листа со 38,4 милиони долари.
Топ 10 најплатени тенисери и тенисерки според Форбс:
1. Ѓоковиќ – 38,4 милиони (13,4 милиони на теренот + 25 милиони надвор од теренот);
2. Карлос Алкараз – 31,4 милиони (11,4 + 20);
3. Ига Швјонтек – 22,4 милиони (8,4 + 14);
4. Данил Медведев – 20,1 (7,1 + 13);
5. Рафаел Надал – 15,5 (1,5 + 14);
6. Ема Радукану – 15,3 (0,3 + 15);
7. Коко Гауф – 15,2 милиони (3,2 + 12);
8. Каспер Руд – 14,4 (6,4 + 8);
9. Наоми Осака – 12,1 (0,1 + 12);
10. Џесика Пегула – 10,9 (4,9 + 6).
Лидерите од претходната година – Роџер Федерер и Серена Вилијамс – не влегоа во рангирањето, бидејќи официјално ги завршија своите кариери.