Формирана нова Влада во Сирија! Лидерот на контроверзните Бели шлемови стана министер! Се огласи претседателот на државата – поранешен џихадист!

Привремениот сириски претседател Ахмад ал Шара вечерва објави дека е формирана нова влада и додаде дека има цврста желба „да изгради стабилна држава“.

Најавата за формирање нова влада, првично закажана за 1 март, доаѓа во време кога меѓународната заедница повикува на инклузивна сириска транзиција.

Новите власти се обидуваат да ја обединат и обноват 
Сирија и нејзините институции по соборувањето на претседателот 
Башар ал Асад. Од 8 декември, министерскиот тим е одговорен за управување со тековните работи.

Неколку министри останаа на функцијата, меѓу кои и министерот за надворешни работи Асад ал Шабани и министерот за одбрана Мураф Абу Касра, објави вечерва сириската телевизија. Шефот на генералното разузнавање Анас Катаб, близок до Шарех, беше назначен за министер за внатрешни работи.

Водачот на Белите шлемови, сириските спасувачи кои работат во областите под контрола на бунтовниците, Раед ал Салех, е назначен за министер за вонредни ситуации.

Прогласен за привремен претседател во јануари, Шаара треба да управува со петгодишен преоден период, по речиси 14 години граѓанска војна. Дури после овој период треба да се одржат избори врз основа на новиот Устав.