Нова главоболка за рускиот претседател.
Беше формиран сојуз меѓу Велика Британија, САД, Канада, Јапонија и Франција во обид да се избрка/истисне Владимир Путин од меѓународниот пазар на нуклеарна енергија. Како дел од договорот, петте нации ќе ги користат сопствените нуклеарни енергетски ресурси за „да го поткопаат рускиот стисок врз синџирите на снабдување “, пренесува Seebiz.
Тој сојуз, исто така, ќе поддржи „стабилно снабдување со горива за денешните потреби, како и ќе гарантира стабилен и безбеден развој и употреба на горивата за утрешните напредни реактори“, се вели во заедничката изјава.
Тие истакнаа дека овој договор ќе се користи како основа за целосно истиснување на Путин од пазарот на нуклеарно гориво и дека што е можно поскоро, со цел да се прекине друг начин на финансирање на конфликтот со Украина и во суштина да се остави Русија замрзаната и изолирана.
– Велика Британија е во самиот центар на глобалните напори да ја поддржи Украина, да го порази Путин и да се осигура дека ниту тој, ниту некој како него не може да мисли дека може повторно да го држи светот како откупнина за нивната енергија – рече Грант Шапс, државен секретар за енергетска безбедност на Велика Британија.