ФОТО+ВИДЕО | ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ЊУЈОРК ПО ГОЛЕМОТО НЕВРЕМЕ – Вода до колена, тотален хаос на улиците: Издадено е и ново предупредување

Апокалиптични сцени се снимени во Њујорк каде беше прогласена вонредна состојба откако обилните дождови предизвикаа големи поплави.

Тешкото време предизвика прекин на електричната енергија во градот бидејќи надојдените води го попречија патувањето и ги заробија луѓето во автомобилите и домовите. Цели линии на метрото се затворени, главните сообраќајници се претворени во езера, а децата се однесени на горните катови на поплавените училишта.

Гувернерот на Њујорк ги повика жителите да останат во своите домови и повторно ги предупреди граѓаните кои живеат во подрумите да се подготват за најлошото.

Официјалните лица ги повикаа жителите да не го потценуваат невремето.

Во текот на денот, жителите добивале предупредувања на своите мобилни телефони од метеоролошката служба. Властите ги повикаа граѓаните да не возат иако невремето стивнува.

Властите во Њујорк рекоа дека за еден ден во градот паднал дожд колку што обично паѓа за три месеци.

невремеЊујоркСАД