ФОТО+ВИДЕО | Погледнете со какво оружје располагале напаѓачите во Косово: “По вчера, ништо не може да биде повторно исто!“

Косово во понеделникот побара од Србија да ги екстрадира српските напаѓачи кои избегаа по судирот со косовската полиција на северот на Косово во кој загинаа тројца напаѓачи и еден косовски полицаец.

Напаѓачите во неделата упаднаа во селото Бањска, се судрија со полицијата и се забарикадираа во српски манастир. Полицијата ја презеде контролата врз манастирот во неделата, откако беа убиени тројца напаѓачи и еден полицаец.

Во понеделникот, вооружени полицајци ги пребараа куќите во тоа село за да пронајдат уште околу 30 напаѓачи кои можеби избегале, пишуваат соседните медиуми и додаваат дека новинарите не можат да влезат во селото.

Косовските власти подоцна во текот на денот објавија дека веруваат дека некои од напаѓачите побегнале во Србија.

СРБИЈА БЕЗ КОМЕНТАР

Министерот за внатрешни работи на КосовоЏелал Свецла, изјави дека шестмина повредени членови на вооружената група се хоспитализирани во јужниот српски град Нови Пазар, во близина на границата со северот на Косово.

Бараме Србија да ги предаде овие луѓе на косовските власти што е можно поскоро, за да можат да бидат изведени пред лицето на правдата за нивните терористички акти“, им порача Џелал Свецла на новинарите, заедно со другите кои побегнаа во Србија.

Српската Влада не одговори на барањето за коментар од странските медиуми.

Косовската полиција на новинарите во Митровица им покажа околу 20 теренци и оклопен транспортер што ги користеле сторителите. Три возила го имаа логото на КФОР. Полицијата, исто така, покажа запленето оружје и муниција, вклучително и автомати на поранешната југословенска Армија, митралези, снајпери, гранати, против-тенковски ракетни фрлачи, рачни гранати, мини и беспилотни летала.

По вчера, ништо не може да биде повторно исто“, кажа премиерот на КосовоАлбин Курти, на церемонијата во чест на загинатиот косовски полицаец.

Африм Буњаку беше убиен во напад врз косовските полицајци и самата нашата земја, кој беше извршен од силно вооружена група која беше професионално обучена, планирана, политички поддржана и материјално финансирана и логистички помогната од Србија“, тврди Албин Курти.

Претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ, ги негираше обвинувањата на Албин Курти дека Белград го организирал нападот.

Тој го обвинува Албин Курти за поттикнување насилство преку блокирање на формирањето на заедница на српски општини на Косово, што беше одобрено од претходната косовска Влада во 2013 година.

Албин Курти тврди дека давањето значителна автономија на Србите во северно Косово всушност би го поделило Косово по етнички линии.

Кремљ соопшти дека внимателно ја следи, како што ја нарече, „потенцијално опасната“ ситуација во Косово.

Ситуацијата е исклучително тешка. Во Косово гледаме традиционално пристрасен однос кон Србите… Ситуацијата е многу, многу напната и потенцијално опасна, ние ја следиме многу внимателно“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави Sky News.

Албин КуртиАлександар ВучиќБањскаКосовонасилствополитикасмртСрбија