Температурите во северна Европа паднаа под -40 степени Целзиусови за првпат од 2021 година, објави шведскиот метеоролошки институт SMHI.
Областа со висок притисок моментално носи екстремно студен воздух во североисточна Шведска и северна Финска.
На социјалната мрежа Тик Ток се појавија видеа од Норвешка кои покажуваат како жителите на таа земја се борат со снегот.
Многу Норвежани не можат да ги отворат вратите поради снегот, кој е речиси до покривот на нивните куќи, па скокаат од прозорците во длабокиот снег, а нивните автомобили се затрупани.
„Колку вода ќе има кога почне да се топи“, напишаа Норвежаните во коментарите на социјалните мрежи.
Метеоролошкиот институт на Финска во вторникот објави дека низ земјата се забележани температури меѓу -20 и -30 степени Целзиусови.
Во делови од централна и северна Финска се прогнозира да се спуштат температурите до -40 во следните неколку дена.