ФОТО\ВИДЕО | ТОТАЛЕН ХАОС ВЛАДЕЕ ВО ЕКВАДОР – Протекуваат детали за нападот на телевизијата, криминалците дивеат по улиците и му се закануваат дури и на претседателот на државата: “Сакавте војна ? Еве војна!“

Откако маскирани вооружени лица упаднаа во телевизиско студио за време на пренос во живо во Еквадор и им се заканија на преплашениот персонал, полицијата соопшти дека го ослободила целиот персонал односно сите вработени и уапсила 13 лица. Телевизијата јавува дека двајца вработени се повредени.

Вработените биле принудени да легнат на подот за време на преносот во живо на јавната телевизија TC во градот Гвајакил пред да биде прекинат преносот во живо.

При нападот на телевизијата, еден напаѓач му вперил пушка во главата на еден од заложниците, а тие му се заканувале и со револвер.

На видеата кои кружат низ Интернет се слушна како една жена моли: „Не пукај, те молам не пукај“, пренесува медиумската агенцијата AFP, додека едно лице исто така се слуша како вреска од болка.

Ве молам, дојдоа да не убијат. Да не даде Господ да се случи ова. Криминалците се во етерот“, гласи содржината на пораката на WhatsApp од еден од вработените во TC, пренесува BBC.

Еден снимател бил ранет во главата, а друг се здобил со скршеница на раката во нападот“, потврди заменик директорот на телевизијата.

Полицијата на социјалните мрежи објави видео од осомничените и нивното оружје и најави дека ќе бидат казнети за терористички акти.

Најмалку 10 лица се убиени откако Еквадор ја започна 60-дневната вонредна состојба во понеделникот, која беше прогласена откако еден од најопасните криминалци исчезна од неговата затворска ќелија. Сè уште не е познато дали инцидентот во ТВ студиото е поврзан со исчезнувањето на лидерот на бандата ЧонеросАдолфо Масијас Виљамар, познат како Фито, од затвор.

Адолфо Масијас Виљамар

Чонерос се моќна затворска банда за која се верува дека стои зад многу од смртоносните немири и затворски тепачки што избувнаа во еквадорските затвори во последниве години.

Се верува дека озлогласениот Фито избегал само неколку часа пред планираниот трансфер. Двајца затворски чувари се приведени поради сомнение дека му помогнале да избега. Неговото бегство е исто така удар за Владата на претседателот Даниел Нобоа, кој положи заклетва во ноември по победата на изборите нарушени со убиството на претседателскиот кандидат и новинар Фернандо Вилависенсио. Тој објави дека Фито му се заканувал дека ќе го убие само неколку дена пред да биде уапсен додека го напуштал предизборниот митинг во Кито.

Претседателот на ЕквадорДаниел Нобоа, изјави денес дека сега има внатрешен вооружен конфликт во земјата и дека ги мобилизира вооружените сили за извршување воени операции за неутрализирање на транснационалниот организиран криминал, терористичките организации и недржавните актери. Тој, исто така, реагираше на неодамнешниот бран на немири во затворите и бегства од затвор и други акти на насилство за кои властите ги обвинија криминалните банди.

Неговиот декрет ги наведе Чонерос и уште 21 банда. Во понеделникот беше прогласена вонредна состојба, наредувајќи ноќен полициски час во обид да се спречи насилството по бегството на Фито. Безбедносните сили се обидуваат да воспостават ред во најмалку шест затвори во кои во понеделникот избувнаа немири, пишува BBC.

Осум лица се убиени и тројца повредени во напади поврзани со банди во Гвајакил во вторникот, а двајца полицајци се убиени од вооружени криминалци во блискиот град Ноболо.

Во градот Риобамба, речиси 40 затвореници, меѓу кои и осуден нарко бос, побегнаа од затвор. Најмалку седум полицајци се киднапирани, а на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како тројца полицајци седат на земја со вперен пиштол во нив, а еден од нив бил принуден од бандитите да прочита изјава упатена до претседателот Даниел Нобоа.

Најавивте војна, војна ќе добиете. Прогласивте вонредна состојба. Полицијата, цивилите и војниците ги прогласуваме за воен плен“, прочита полицаецот.

Во градот Куенка се шокирани од нападот на телевизијата.

Никогаш не сме виделе вакво нешто во Еквадор. Каква безбедност е ова ? Ако вака е нападната телевизија, замислете што може да се случи во ресторани или продавници“, изјавил еден граѓанин за France Press.

Во соседен Перу, Владата нареди итно распоредување на полициски сили на границата за да се спречи каква било нестабилност да се прелее во земјата. САД соопштија дека ги осудуваат „безобразните напади“ во Еквадор и дека се во координација со претседателот Даниел Нобо и неговата Влада и дека се подготвени да пружат помош.

војнавонредна состојбаДаниел НобоаЕквадоркриминал