Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси уште две години ќе игра за клубот Интер Мајами, а тоа беше причината поради која неодамна одлучи да купи вила на брегот, во Форт Лодердејл, за вртоглави 10,8 милиони долари.
Таму ќе живее со сопругата Антонела Рокузо и нивните три деца, а иако наводно веќе има четири апартмани во Мајами, сакал поголема приватност, што е полесно да се постигне во вила.
Имотот е дел од приватна населба позната како „Беј“ и се наоѓа на крајот од ќорсокакот што води до океанската патека. Според магазинот Forbs, модерниот дом со осум спални соби – секоја со самостоен мини-апартман, девет бањи, гаража за три автомобили и базен се наоѓа на нешто помалку од половина хектар земја и вклучува две пристаништа за бродови, спа центар, фитнес сала и речиси 150 квадратни метри од главната спална соба.
Новиот дом на Лионел Меси е исполнет со модерни линии и неутрални беж тонови со златни детали, светкави лустери, плишани текстури и високи тавани. Дизајнот на вилата е на канадската дизајнерка на ентериер Лори Морис и е полна со елегантен шарм.