Лурд Леон, ќерката на „кралицата на попот“ Мадона, ја разбуди фантазијата кај „посилниот пол“ водејќи ревија на настанот на модниот бренд H&M во Њујорк за да ја прослави нивната соработка, пишува Daily Mail.
Пред камерите, 26-годишната Лурд Леон зрачела со самодоверба облечена во црн исечен костим со кој ја истакнала нејзината раскошна биста и завидна фигура. Убавиот едноделен комбинезон го стилизирала со луксузен црн капут кој заводливо го открива едното рамо и создал одлична сцена за фотографирање пред новинарите на црвениот тепих.
На црвениот тепих ѝ се придружила и легендарната Памела Андерсон, која изгледала сензационално во костим со црна мрежа што го комплиментираше нејзиното извајано тело. Комплетниот изглед го комплетриала со голема црна јакна, а на нозете носела лакирани штикли од модниот бренд Christian Louboutin.
Инаку, колекцијата H&M и Mugler им овозможува на љубителите на модата да добијат облека потпишана од покојниот дизајнер Тиери Муглер по пристапна цена.