ФОТОГАЛЕРИЈА | Тие се вистински хит: “Тато не е важен кога ние сме на трибините!“ – децата на Новак Ѓоковиќ уште еднаш го ‘украдоа шоуто’ во Монте Карло

Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ во моментов игра против Лоренцо Музети во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло.

По речиси еден час игра, српскиот ас води со 1:0 во сетови, а големата поддршка од трибините на денешниот натпревар Ѓоковиќ ја добива од неговото семејство.

Натпреварот на Новак го следи неговата сопруга Јелена, со синот Стефан и ќерката Тара.

Децата на Новак го „крадат шоуто“ на речиси секој натпревар, а токму тоа се случи и денеска.

Синот на Новак, Стефан, во еден момент направил селфи со својата мајка, додека Тара делувала уморно и поспано и цело време била во прегратка на нејзината мајка.

Јелена Ѓоковиќ со синот Стефан
Јелена Ѓоковиќ со синот Стефан
Тара Ѓоковиќ
Јелена ЃоковиќНовак Ѓоковиќсемејствотенис