Со преку 30 традиционални обичаи, стотици статисти и многу гости денес во Галичник се одржа 60-тото јубилејно издание „Галичка свадба“, на која се венчаа Оливер Андреевски и Елисавета Булоска.
„Галичка свадба“ официјално почна вчера со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки” од куќата на зетот. Денес беа одбележани традиционалните свадбените обичаи, а младенците се венчаа во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле”.