Георгина Родригез објави секси фотографии во костим за капење во вилата на Роналдо во Саудиска Арабија, но домаќините не се многу среќни поради тоа.
Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез објави неколку жешки фотографии на кои позира покрај базен во луксузната вила во која таа и фудбалерот живеат откако се во Саудиска Арабија.
Георгина позираше во син дводелен костим за капење и го покажа своето тело, но на корисниците на Инстаграм не им се допадна тоа.
Законите на Саудиска Арабија забрануваат објавување на прекумерно експонирани или полуголи слики на интернет, а многу корисници на Инстаграм ја нападнаа во коментарите, некои дури и бараа да се покрие.
„Толку непристојно“, напиша една личност.
„Покриј ја Георгина, Господ да те заштити“, му рекол друг следбеник на Роналдо. „Треба да барате прошка од Господ“, додал третиот.
Но Георгина веројатно нема да биде казнета за ваквите фотографии.
Џејмс Дорси, експерт за блискоисточно право, изјави за Дејли Стар дека „во принцип, пристојното облекување е задолжително, но она што претставува пристојно облекување еволуираше.
„Пред Мохамед Бин Салман беше важно целосно да се покрие лицето и телото. Ова очигледно повеќе не е така, иако многу жени сè уште се придржуваат до него, а бикините генерално се сметаат за непристојна облека. Сепак, веројатноста нешто да и се случи на девојката на Роналдо е нула“, рече тој.
Георгина и Роналдо морале да исполнуваат посебни услови кога се преселиле во Арабија, па Роналдо наводно на документите ја навел Георгина како робинка бидејќи Саудијците не смеат да живеат со жена ако не се во брак со неа.