Присли денеска ќе имаше 88 години, а платформата за вештачка интелигенција DALL-E 2 го генерираше неговиот изглед
Како би изгледал Елвис Присли да беше жив денес? Вештачката интелигенција го има одговорот: новите компјутерски фотографии покажаа како би изгледал денес кралот на рокенролот на 88-годишна возраст.
На фотографиите произведени од DALL-E 2 AI и објавени од Daily Star, ѕвездата е многу послаба и по малку збрчкана. Неговата позната темна фризура сè уште е недопрена, освен неколку сиви прамени.
Сините очи на Присли секако ќе останат непроменети, но забите ќе му се затемнат, а веѓите ќе му избледеа.
Присли почина во 1977 година на 42-годишна возраст.
Вештачката интелигенција го гледа Елвис како и за време на старостта како носи препознатливите бели комбинезони и авијатичарските очила кои биле дел од неговиот сценски костим.
Пејачот во текот на животот се мачеше со голем број здравствени проблеми. На денот на неговата смрт, тој беше пронајден без свест во неговата бања во Грејсленд.
Причината за неговата смрт била срцева аритмија, но тој со текот на годините имал бројни здравствени проблеми како вртоглавица, болки во грбот, несоница, хепатитис, чиреви и проблеми со тежината.
Тој се разведе од Присила Присли во 1973 година, но таа неодамна откри дека тој тајно ја посетувал и после тоа.
„Само затоа што се разделивме не значи дека не се грижевме еден за друг. По разводот, тој доаѓаше кај мене среде ноќ, дури и кога беше поврзан со други жени, а јас сепак дојдов во Грејсленд. Носеше книги и ми читаше во два часот по полноќ, додека Лиза спиеше“, рекла Присила. „Дури и кога со некого бев во врска, но тој доаѓаше кај мене, седевме и разговаравме до три, четири, пет наутро.
Присила (78) го роди своето единствено дете Лиза Мари Присли , која почина минатиот јануари на 54-годишна возраст. Таа е погребана во градината за медитација Грејсленд во Мемфис до нејзиниот татко.