Фотографијата која го обиколи светот: Бебе извлечено од урнатините по земјотресот (ФОТО)

По бројните ужасни сцени од Турција и Сирија, каде два силни земјотреси однесоа нас 2000 животи, се појави фотографија која ја враќа вербата во животот.

Вирална стана фотографија од спасено бебе од урнатините на зграда во градот Малатија во Турција. На фотографијата се гледа како маж држи бебе и го носи на безбедно, додека урнатините ги опкружуваат.

Бебето било спасено за време на операцијата за пребарување и спасување по разорниот земјотрес, јавуваат турските медиуми.

Во исто време, продолжува потрагата по преживеани во урнатините по двата силни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погодија Турција и доведоа до голем број жртви во оваа земја и Сирија.

Вториот земјотрес ја погоди областа Кахранманмарас, додека потреси беа почувствувани во многу градови.