Инес Кнаус, сестрата на Меланија Трамп, објави фотографии од поранешната манекенка од почетокот на нејзината кариера на кои реизбраната прва дама на Америка е видливо поинаква отколку што изгледа денес.
Меланија Трамп, која е родена и израсната во Словенија, најпрво се прослави како модел долго пред да се омажи за бизнисменот и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Таа живееше во поранешната југословенска република со нејзината една година постара сестра Инес и нивните родители Амалија и Виктор Кнаус.
Кариерата ја започна многу рано во Словенија, но набрзо дебитираше на светската модна сцена, а нејзината сестра сподели фотографии од нејзините почетоци во манекенството.
Инаку, Инес, како и Меланија, сонувала да стане успешна манекенка, поради што и дветр ја поминале младоста во европските модни метрополи, но таа не се пробила. Денес таа се занимава со уметност во Њујорк, а својот профил на Инстаграм го користи како носталгичен семеен албум во кој доминираат фотографиите од нејзината позната сестра, најмногу од почетокот на нејзината кариера.