Фотографијата од палестинското момче Јусеф Ал-Бајук како плаче над убиените браќа Моат и Моатаз, кои беа убиени во израелските напади, го обиколи светот.
Момчето Јусеф не можеше да ја скрие болката на погребот на неговиот брат во болницата Насер во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.
Фотографијата е направена од фоторепортерот на Ројтерс, Хатем Халед.
Јусеф е исто така меѓу повредените во израелските напади врз Кан Јунис.
Повеќе од 100 Палестинци беа убиени денес во израелските воздушни напади, додека десетици се водат како исчезнати под урнатините на уништените згради.
Вкупниот број на убиени лица во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година надмина 53.000.