Семејството на новинарката Ксенија Вучиќ, првата сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја одбележа втората годишнина од нејзината смрт. Во оваа прилика, Александар Вучиќ на гробиштата пристигна со ќерката Милица и синот Данило, пренесува Kurir.rs.
На одбележувањето од годишнината на гробиштата, освен потесното семејство, присуствуваа пријатели и колеги на починатата новинарка. Меѓу нив беа премиерката Ана Брнабиќ, братот на претседателот, Андреј Вучиќ, директорот на Telekom Serbia, Владимир Лучиќ, министерката Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и Ивица Дачиќ, Верицако Рацел и многу други.
Ксенија Вучиќ почина на 29. јануари 2022 година на 56-годишна возраст. Претседателот на Србија тогаш се огласи на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм и ја извести јавноста дека неговата прва сопруга починала. Ксенија Вучиќ починала во својот дом, а до неа во последните моменти бил синот Данило.