ФОТО | АМЕРИКАНСКИ ТУРИСТ КРШЕЛ АНТИЧКО-РИМСКИ СТАТУИ ВО ПОЗНАТ МУЗЕЈ – Полицијата соопшти: “Се работи за верски фанатизам“

Уапсен е американски турист (40 г.), кој скрши две антички скулптури во музејот „Израел“ во Ерусалим, водечката културна институција во земјата.

Фотографиите објавени од израелската полиција покажуваат две антички римски статуи, кои датираат од II век, како лежат скршени на подот.

Полицијата тврди дека човекот ги уривал скулптурите затоа што верува дека тие се „против Тора“, најважното писмо на јудаизмот. Адвокатот на американскиот турист, сепак, негираше дека неговиот клиент бил мотивиран од верски фанатизам да изврши вандалски чин, пренесуваат светските медиуми.

Скршени се статуата на главата на Атина, ќерката на грчкиот бог Зевс и статуа на грифин што го држеше тркалото на среќата на римскиот бог Немезис, објави Times of Israel. Двете скулптури се дел од постојаната поставка на музејот „Израел“ и сега се преместени во конзерваториумската лабораторија за професионална реставрација.

Израелската полиција не го соопшти идентитетот на уапсениот турист, кој во моментов е на распит.

Израелскиот музеј го нарече вандалскиот чин „загрижувачки и необичен настан“ и ги осуди сите форми на насилство. И покрај инцидентот, музејот ќе остане отворен за јавноста.

вандализамЕрусалиммузејнасилство