Анастасија Ражнатовиќ ги запали социјалните мрежи
Таа често ја изненадува јавноста со својот стајлинг и изглед. Отпатува во Шпанија на фудбалски натпревар на нејзиниот избраник Немања Гудељиќ и за таа прилика реши специјално да се дотера.
Познато е дека Анастасија не штеди кога се работи за брендирани работи, па така беше и овој пат.
Носеше кариран жолто-бел капут кој е многу популарен оваа сезона и чини околу 1.000 евра. Сепак, она што најмногу привлече внимание е ѓерданот од околу 11.000 евра.
Пејачката и фудбалерот веќе извесно време се во емотивна врска, но често се разделуваат поради успешните кариери кои ги имаат. Меѓутоа, Анастасија се труди да го искористи секој момент и да помине време со своето момче.