Една од најдобрите српски тенисерки на сите времиња, Ана Ивановиќ, ги израдува своите следбеници со добра вест.
Таа на социјалните мрежи објави дека е бремена по трет пат со сопругот и поранешна германска фудбалска ѕвезда Бастијан Швајнштајгер.
Таа закачила фотографија на која Бастијан го држи со рака нејзиниот труднички стомак со многу оригинална порака.
Јас и Бастијан официјално сме побројни“, алудираше Ана дека ова и е трето дете.
Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ се во врска од септември 2014 година, се венчаа на 12 јули 2016 година во Венеција, две години подоцна го добија првиот син, а во 2019 година вториот.
Постариот син Лука има пет години, додека помалиот Леон три и пол години