ФОТО | АНЏЕЛИНА ЏОЛИ СО СТИЛ ВЛЕГУВА ВО НОВАТА ГОДИНА – Ова е нејзиното ново момче: Видени се на “тајна“ вечера во Милано

Иако многумина ги паметат Анџелина Џоли и Бред Пит како иконски пар, поминаа седум години од нивниот развод. Во тој период Анџелина Џоли беше поврзана со неколку познати мажи, но врската со ниту еден од нив никогаш не беше јавно потврдена. Овој пат актерката е видена во друштво на британскиот рапер Акал, чие вистинско име е Џејмс Кингсли Меклин Дејли.

Анџелина Џоли и Џејмс Кингсли Меклин Дејли

Тие биле забележани заедно во Милано на вечера со екипата од биографскиот драмски филм „Maria“ во кој Анџелина Џоли ја игра оперската пејачка Марија Калас.

Анџелина Џоли и Џејмс Кингсли Меклин Дејли

Ова не е првпат тие да бидат видени заедно. Тие се забележани како се дружат на неколку концерти, а во мај беа заедно на книжевниот фестивал „Калабаш“ во Јамајка. Никој од нив досега официјално не ја потврди врската.

Што се однесува до Бред Пит, тој моментално се поврзува со младата убавица од ШпанијаИнес де Рамон.

Анџелина ЏолиживотљубовЏејмс Кингсли Меклин Дејли