Во петокот земјоделците блокираа еден од главните француски автопати кои го поврзуваат Париз со северниот град Лил, односно земјите од Бенелукс и Велика Британија!
Блокадата предизвика километарски сообраќаен метеж бидејќи националното протестно движење ги предизвика првите големи прекини во сообраќајот околу француската престолнина.
Локалните земјоделски синдикати повикаа на блокади на патиштата во и околу Париз во петокот за да се засили притисокот врз Владата која фармерите ја обвинуваат дека не прави доволно за да им помогне да се справат со, како што велат, ниските цени на храната и прекумерната регулатива.
Владата брза да ги намали тензиите со земјоделците бидејќи колоните трактори се очекува да го парализираат сообраќајот низ главниот град во попладневните часови, непосредно пред премиерот да се осврне на нивната загриженост во својот говор.
Медиумската агенција Reuters известува дека парискиот регионален огранок на синдикатот FNSEA планира да постави 11 барикади на главните патни правци од сите страни на Париз, вклучувајќи ги и автопатите А6, А10 и А13.
Блокадата на патот А1 северно од Париз веќе утринава доведе до сообраќаен метеж и редица долга околу четири километри. Француските медиуми објавија дека земјоделците ги поставиле првите блокади на патиштата во департманот Есон јужно од Париз во раните утрински часови.
Владата соопшти дека ќе објави итни мерки за смирување на гневот на земјоделците во текот на денот во петок, а премиерот Габриел Атал се очекува да се обрати попладне.