ФОТО | БРУТАЛЕН НАПАД НА ХАМАС НА ‘СВЕТИОТ ГРАД’ – Ракети летаат кон Ерусалим, сирени нон-стоп предупредуваат, одекнуваат експлозии

Вооруженото крило на Хамас соопшти дека денес истрелало ракети кон Ерусалим како одговор на бомбардирањето на цивилни куќи во Појасот Газа, пренесува медиумската агенција Reuters.

Претходно се огласија сирените за предупредување за напад во Ерусалим и неговата околина, објави весникот Times of Israel

Жителите пријавиле дека слушнале силни експлозии, пренесуваат тамошните медиуми.

Истовремено, израелската служба за итни случаи објави дека ја посетила населбата Беитар Илит, јужно од Ерусалим, по информациите дека има повредени во ракетниот напад. 

војнаЕрусалимИзраелПалестинаХамас