ФОТО | ВАГНЕР ЌЕ ЗАПОЧНЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА !? Најновите сателитски снимки покажуваат дека борците на Евгениј Пригожин се припремаат за напад на голема европска земја

Најновите сателитски снимки објавени од странските медиуми, покажуваат зголемена активност во базата на групата Вагнер, основана во Белорусија.

Групата Вагнер се пресели во Белорусија како дел од договорот со кој беше запрен нивниот обид за државен удар на 24. јуни во Русија.

Активностите во базата, според информациите започнале два дена по потпишувањето на договорот. Новата снимка, направена од Planet Labs PBC на 25. јули, покажува најмалку 200 возила повеќе во базата во споредба со 19. јули, кога можело да се забележат 300 возила. Ова вклучува приближно 60 големи приколки за камиони кои можат да се користат за транспорт на тешка опрема.

Основачот и лидер на групата, Евгениј Пригожин, веќе е виден во базата. Sky News ја потврди автентичноста на снимките на кои им се обраќа на војниците во базата за време на посетата.

Истовремено, украинскиот Национален центар за отпор тврди дека воената организација на групата Вагнер продолжува да регрутира борци во Белорусија, додека ја обучува белоруската Армија, под услов регрутите да учествуваат во непријателствата на територијата на соседните земји, особено Полска и Литванија.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, наводно, му помогнал да се договори основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин со претседателот на Русија, Владимир Путин, и неговите трупи, како и самиот тој да се преселат во Белорусија.

БелорусијаВагнервојнаЕвгениј ПригожинРусијаУкраина