ФОТО | ВАНДАЛИЗМ ВО ИТАЛИЈА – Турист се качил на позната историска фонтана и ја уништил – безбедносната камера снимила се: “Нема оправдување за ова!“

22-годишен германски турист, ја оштетил познатата фонтана „Нептун“ во Фиренца додека се искачувал на знаменитоста за фотографирање.

Градските власти соопштуваат дека младиот човек во неделата вечерта се качил на фонтаната за да се фотографира, но притоа скршил дел од мермерот на историската знаменитост.

Кога скокнал на коњот го оштетил копитото. Штетата се проценува на 5.000 евра, а туристот се соочува со висока парична казна. Вандалот бил откриен со помош на надзорни камери.

Градоначалникот на ФиренцаДарио Нардела, објави една од фотографиите на социјалната мрежа Фејсбук, а истата ја превземал од профилот на младиот човек.

Нема оправдување за непристојноста и вандализмот кон културното наследство“, напиша градоначалникот во објавата.

Октогоналната фонтана датира од 16 век и темелно е реновирана во 2018 година.

ИталијаФиренца