Воздухопловните сили на Велика Британија пресретнаа кениски авион придружуван од француски борбени авиони.
Британските воздухопловни сили пресретнале авион од Кенија кој бил придружуван од француски борбени авиони, пишува Sky News. Авионот „Boing 787“ бил пренасочен околу 15 часот и 45 минути по локално време и цело време бил следен од француски борбени авиони.
Полицијата во Есекс била повикана на аеродромот и авионот безбедно слетал. Портпаролот на полицијата накратко изјавил дека сите полициски сили го следат инцидентот на аеродромот „Стенстед“.
Министерот за одбрана на Велика Британија рекол дека борбените авиони го придружувале комерцијалниот лет како мерка на претпазливост. Тој додал дека авионот бил во контакт со контролорите на летот за време на летот, од моментот кога бил пренасочен.
Аеродромот соопшти дека авионот бил паркиран на локација подалеку од терминалот.
Авио-компанијата Kenya Airways соопшти дека седиштето на авиокомпанијата добило предупредување за потенцијална безбедносна закана на летот KQ100 што летал од Најроби до Лондон.
Во овој момент се уште не се знае за каква закана станува збор.
Фотографиите на социјалните мрежи го покажуваат авионот на пистата, како и голем број возила за итни случаи, а истите можете да ги погледнете ОВДЕ.