ФОТО/ВИДЕО | ЕСКАЛАЦИЈА НА КОНФЛИКТОТ – Хаос на Косово! Тензијата се претвара во насилство! Ранети двајца Срби, полицијата употребува шок бомби – погледнете!

Србите, чии политички претставници ги напуштија локалните институции во северно Косово во ноември минатата година поради конфликтот меѓу Белград и Приштина, ги бојкотираа локалните избори организирани од косовската Влада во април за да се реши институционалната криза.

Нереди веќе се случија во петокот кога новите градоначалници во придружба на полицијата дојдоа да ја преземат функцијата.

Косовските сили на НАТО (КФОР) соопштија дека го „засилиле своето присуство“ на север и ги повикаа Белград и Приштина да продолжат со дијалогот под покровителство на Европската унија за да се намалат тензиите.

Војниците на КФОР во понеделникот беа распоредени околу зградата на градската управа во Звечан, објави медиумската агенција AFP.

Ескалацијата на тензиите не е невообичаена на северот на Косово, поранешна српска покраина која прогласи независност во 2008 година и Србија не ја признава.

Во Косово, кое има 1,8 милиони жители, главно Албанци, живеат околу 120.000 Срби.

САД, Франција, Велика Британија, Италија и Германија во петокот веднаш ги повикаа косовските власти да ја „преиспитаат одлуката“ за распоредување специјални сили, додавајќи дека се загрижени и поради одлуката на Србија да ја зголеми подготвеноста на своите вооружени сили на границата.

Денес, понеделни, во Косово повторно се случуваат големи немири и владее вистиски хаос на северот од земјата.

Nova.rs јавува дека автомобилот на екипата на албанската телевизија бил опожарен во општина Зубин Поток – нема повредени, а противпожарните екипи се на терен.

Косовската полиција денес се обиде да ги растера Србите кои протестираат за да ги спречат албанските градоначалници да ја превземат функцијата со солзавец. Тие беа избрани на неодамнешните спорни избори, да преземат функција во градовите со мнозинско српско население во северно Косово.

Градоначалниците беа избрани на локалните избори што косовските власти ги одржаа на 23. април во четири општини со мнозинско српско население, кои ги бојкотираа изборите во голем број: само околу 1.500 гласачи учествуваа од околу 45.000 регистрирани.

Демонстрантите бараат и повлекување на специјалните полициски сили распоредени во областа пред неколку дена.

Напнатата ситуација ескалираше во Звечан, каде специјалците спречија група демонстранти да влезат во просториите на градската управа, соопштуваат соседните медиуми.

Како што објави Kosovo Online, во судирите се ранети најмалку двајца Срби, од кои еден млад човек со прострелна рана. Двајцата повредени веднаш се пренесени во КБЦ Косовска Митровица.

Останатите соседни медиуми јавуваат дека полицијата пука со огнено оружје, а во Звечан се фрлени 30-тина шок бомби.

Во соопштението на полицијата се вели дека реагирале „со употреба на насилство и солзавец“ кога демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон.

демонстрацииКосовоСрбија